ВЛАДАТА ДОЗВОЛИ ФУДБАЛЕРИТЕ ДА ИГРААТ ПРЕД ПУБЛИКА НА МЕЧОТ СО СЛОВЕНИЈА НА 1 ЈУНИ

    ВЛАДАТА ДОЗВОЛИ ФУДБАЛЕРИТЕ ДА ИГРААТ ПРЕД ПУБЛИКА НА МЕЧОТ СО СЛОВЕНИЈА НА 1 ЈУНИПандев и соиграчите конечно ќе добијат поддршка од трибините (Фото: СДК.МК)

    Македонската фудбалска репрезентација ќе го игра претстојниот пријателски натпревар со Словенија пред публика, одлучи Владата на својата вчерашна седница. Средбата ќе се игра на 1 јуни на стадионот „Тоше Проески“ во Скопје.

    Тоа ќе биде еден од двата подготвителни натпревара во пресрет на дебито на Европското првенство, до чиј почеток остануваат уште две недели и Владата соопшти дека на овој начин сака да им даде поддршка на најдобрите македонски фудбалери. Трибините, сепак, нема да можат да бидат исполнети во целост, туку со 30% капацитет.

    Во земјата и натаму важи забраната за присуство на гледачи на спортски натпревари и Владата појасни дека сега се прави исклучок. Целиот спорт во Македонија се игра пред празни трибини уште од почетокот на пандемијата на коронавирусот.

    Македонија го игра првиот меч на ЕП на 13 јуни, против Австрија во Букурешт.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира