ПО ПЕТЧАСОВНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА, ЗАЧУКА НОВОТО СРЦЕ НА 39-ГОДИШНА ПАЦИЕНТКА ОД ПОЧИНАТА ДАРИТЕЛКА НА 40-ТИНА ГОДИНИ

    ПО ПЕТЧАСОВНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА, ЗАЧУКА НОВОТО СРЦЕ НА 39-ГОДИШНА ПАЦИЕНТКА ОД ПОЧИНАТА ДАРИТЕЛКА НА 40-ТИНА ГОДИНИСрцето на почнатата дарителка почна да чука кај 39-годишна пациентка во 11.30 часот утринава, по петчасовна сложена операција на државна кардиохирургија. (Фото: Министерство за здравство)

    Успешно заврши третата трансплантација на срце во земјава од почината дарителка, чие семејство дозволи да бидат пресадени и нејзините бубрези. Подоцна во текот на денот ќе бидат извршени и трансплантациите на бубрезите кај друг пациент.

    Срцето на почнатата дарителка почна да чука кај 39-годишна пациентка во 11.30 часот утринава, по петчасовна сложена операција на државна кардиохирургија.

    „Доцна синоќа заедно со моите колеги Националната координаторка за трансплантација доц. д-р Маја Мојсова Мијовска, тимот кардиохирурзи проф. д-р Сашко Јовев, академик Жан Митрев, д-р Марјан Шокаровски, д-р Васил Папестиев и д-р Тања Анѓушева ги направивме подготовките за трансплантација на срце и бубрези од мртов донор чие семејство даде согласност да се донираат органите на пациентот“, напиша утринава неврохирургот и министер за здравство Венко Филипче, кој беше во тимот што ја направи третата транплантација на срце.

    Веста дека операцијата е завршена прв ја објави д-р Митрев.

    „Кога е човечки живот во прашање, не е важно дали е ден или ноќ, викенд или работен ден. Тимот лекари придружени од анестезиолозите, како и тим на перфузонисти, инструментари, медицински сестри ја изведоа оваа операција која траеше околу 5 часа. Станува збор за жена во 40-тите чие семејство даде согласност, нејзиното срце да продолжи да чука во градите на 39-годишна жена. Исто така се очекуваат уште две бурежни транспланатации во текот на денешниот ден“, напиша д-р Митрев.

    Ова е првата жена кај нас што доби ново срце. Во сите три случаја, и кога пациентите беа мажи, дарителки на срце се (семејствата на) починати жени.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира