ЖИТЕЛИТЕ САМИ ГИ АСФАЛТИРАА УЛИЦИТЕ ВО ГОРНО ОРИЗАРИ БЕЗ ДА ПОБАРААТ ГРАДЕЖНА ДОЗВОЛА, ВЕЛАТ ОД ОПШТИНА ВЕЛЕС

    ЖИТЕЛИТЕ САМИ ГИ АСФАЛТИРАА УЛИЦИТЕ ВО ГОРНО ОРИЗАРИ БЕЗ ДА ПОБАРААТ ГРАДЕЖНА ДОЗВОЛА, ВЕЛАТ ОД ОПШТИНА ВЕЛЕССедум улици во населбата беа асфалтирани преку самофинансирање (Фото: СДК.МК)

    Градежните активности што жителите на Горно Оризари со самофинансирање ги извршија изминатите месеци немале одобрение за градба. Ова го кажа градоначалникот на Велес, Аце Коцевски, по поставеното прашање дали при овие инфраструктурни работи била запазена законската постапка.

    „За пофалба е што Горно Оризари има дијаспора која сака да инвестира и да помага во инфраструктурата на населбата за да се подобри квалитетот на животот на жителите. Сепак, во општинскиот буџет многу ретко се уплатува надоместокот за уредување на градежното земјиште, па оттаму овие средства да се наменат за изградба на инфраструктурата во населбата. Жителите директно сами ги даваат за изградба на инфраструктурата. За трите проекти кои ги изведоа ниту побараа, ниту добија одобрение за градба“, кажа Коцевски.

    Во ноември лани беа асфалтирани четири улици со вкупна површина од 4.500 квадратни метри, а во април годинава уште три со површина од 4.000 квадратни метри, во инвестиција вредна 48.000 евра и беше проширен приодот до населбата од железничкиот премин во должина од 450 метри и вредност од 16.000 евра.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира