ПО ДВЕ ГОДИНИ ЗАСТОЈ ПРОДОЛЖУВА ИЗГРАДБАТА НА ЕКСПЕСНИОТ ПАТ ГРАДСКО -ПРИЛЕП, НАЈАВИ МИНИСТЕРОТ БОЧВАРСКИ

    ПО ДВЕ ГОДИНИ ЗАСТОЈ ПРОДОЛЖУВА ИЗГРАДБАТА НА ЕКСПЕСНИОТ ПАТ ГРАДСКО -ПРИЛЕП, НАЈАВИ МИНИСТЕРОТ БОЧВАРСКИНа увид на градежните работи денес беше премиерот Зоран Заев и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.(Фото: СДК.МК)

    Од среда продолжуваат градежните работи на експресниот пат Дреново -Фариш, а до крајот на месецот и Градско- Дреново. Двете делници се дел од експресниот пат Градско-Прилеп, чија изградба беше во застој две години, откако ЈП за државни патишта го раскина договорот со шпанската фирма „Конструксионес Рубау С. А“.. Новите изведувач е австриската компанија „Штрабак“ која ќе работи на делницата Градско и кинеска „Синохидро“ која ќе работи на делницата Дреново- Фариш. Ова го најави министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, кој заедно со премиерот Зоран Заев денеска беа на увид на градежните активности на делницата од регионалниот пат Кавадарци- Дреново.

    „Продолжуваат работите на делницата Дреново- Фариш кој е со напуштена од страна на поранешниот изведувач, имаме избрано нов, кој на 9-ти јуни започнува со работа. Патниот правец Градско- Дреново е во фаза на преземање на градежните работи од компанијата „Штрабак“. Имаме избрано и изведувач на градежните работи за реконструкција на превојот Плетвар, од Фариш до Прилеп и во наредните два месеци, по изборот на надзорен орган, ќе започнат активностите“, изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

    Изградба на експресен пат Градско – Прилеп беше најавено дека ќе се изведе во три фази. Првата фаза е изградба на делницата Градско – Дреново во должина од 16 километри со вредност од 23 милиони евра.  85 отсто од средства се од ИПА фондовите на ЕУ и 15 отсто од државниот буџет. Од оваа делница изградени се 33 отсто од работите. Втората фаза е делницата од Дреновска клисура до Фаришка клисура во долина од 10 километри со вредност од 31,8 милиони евра, со заем од Европска банка за обнова и развој (ЕБОР). Од оваа делница се изградени 35 отсто од градежните работи. Предвидена е и рехабилитација на патен правец Фариш – Прилеп, превојот Плетвар со буџет од 7,5 милиони евра, средства од заем со ЕБОР. Целата делница од експресниот пат Градско -Прилеп според првичните најави требаше да заврши до крајот на 2022 година.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира