ИНДИСКИ СОЈ ИМА ПАЦИЕНТ ВО ПРИВАТНА БОЛНИЦА КОЈ СЕ ВРАТИЛ ОД ИРАК, НЕ Е ЗНАК ЗА РИЗИК, ВЕЛИ МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО

    ИНДИСКИ СОЈ ИМА ПАЦИЕНТ ВО ПРИВАТНА БОЛНИЦА КОЈ СЕ ВРАТИЛ ОД ИРАК, НЕ Е ЗНАК ЗА РИЗИК, ВЕЛИ МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВОВо изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје има двајца хоспитализирани нови пациенти. (Фото: К. Попов)

    Кај пациент кој е хоспитализиран во приватна болница во земјава, минатата недела било детектирано присуство на индиски сој на ковид-19, соопшти Министерството за здравство.

    „Според епидемиолошката анкета која ја направила болницата, пациентот се вратил од Ирак, каде претходно 10 дена бил болен и хоспитализиран. Кога се вратил во земјава, веднаш со посебно санитетско возило бил пренесен во болницата. Состојбата на пациентот е стабилна и овој пациент не е знак за ризик“, велат од Министерството.

    Оттаму додаваат дека денеска министерот за здравство Венко Филипче, по предлог на Комисијата за заразни болести денеска на Главниот кризен штаб му предложи полицискиот час и мерките да останат да важат до 15 јуни, на територија на цела држава.
    „Министерот образложи дека овој предлог на Комисијата е поради тоа како би се ограничило дополнително групирање во доцните часови.
    Епидемиолошката состојба во државата е стабилна, бројот на активни случаи се намалува, а драстично е намален и бројот на хоспитализирани пациенти во ковид центрите на територија на цела држава“, велат од неговиот кабинет.

    На Инфективните одделенија во Скопје  и во болниците низ земјава лежат  126 и има околу 500 празни болнички кревети во  Ковид-центрите.

    На Клиниката за инфективни болести, според Министерството, за првпат од почетокот на пандемијата, лекарите прегледуваат пациенти и од други инфективни патологии. Според последната епидемиолошка анализа нема најава дека претстојниот период ќе има зголемување со нови случаи на заразени, како и зголемен број на хоспитализирани.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира