ЃОКОВИЌ СТАНА ПРВИОТ ТЕНИСЕР КОЈ ГИ ОСВОИЛ СИТЕ ЧЕТИРИ ГРЕНД СЛЕМА БАРЕМ ДВАПАТИ ПО ТРИУМФОТ НА РОЛАН ГАРОС

    ЃОКОВИЌ СТАНА ПРВИОТ ТЕНИСЕР КОЈ ГИ ОСВОИЛ СИТЕ ЧЕТИРИ ГРЕНД СЛЕМА БАРЕМ ДВАПАТИ ПО ТРИУМФОТ НА РОЛАН ГАРОССега, Ѓоковиќ има само една гренд слем титула помалку од рекордерите Надал и Роџер Федерер. (Фото: АТП)

    Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го освои Ролан Гарос по вторпат во кариерата, откако во финалето го победи Гркот Стефанос Циципас со 6:7, 2:6, 6:3, 6:2, 6:4.

    До 19. гренд слем титула, светскиот рекет број еден дојде по победата над Рафаел Надал во полуфиналето и со пресврт против Циципас, кој ги доби првите два сета. Сега, Ѓоковиќ има само една гренд слем титула помалку од рекордерите Надал и Роџер Федерер.

    Победата на Ѓоковиќ во Париз е историски момент во тенисот, бидејќи стана првиот тенисер кој ги освоил сите четири гренд слема по најмалку двапати.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира