БОРИСОВ ГИ ПРЕДУПРЕДИ РАДЕВ И ТЕХНИЧКАТА ВЛАДА ДЕКА ПРАВАТ МАКЕДОНСКИОТ И БУГАРСКИОТ НАРОД ДА СЕ ЗАМРАЗАТ

    БОРИСОВ ГИ ПРЕДУПРЕДИ РАДЕВ И ТЕХНИЧКАТА ВЛАДА ДЕКА ПРАВАТ МАКЕДОНСКИОТ И БУГАРСКИОТ НАРОД ДА СЕ ЗАМРАЗАТБорисов кажа пред партискиот подмладок дека треба да направат сè што е можно сегашните, но и идните поколенија да не се замразат. (Фото: Фејсбук)

    Довчерашниот бугарски премиер Бојко Борисов предупреди дека начинот на кој сегашната техничка влада и претседателот Румен Радев ги водат преговорите со Македонија може да доведе до лош исход за Бугарија и да „направи народите да се мразат со децении во иднина“.

    „Договорот за добрососедство и пријателство од 2017 година е во основата на односите со Република Северна Македонија. Нашата цел е членство на Република Северна Македонија и Албанија во Европската унија“, изјави Борисов пред партиската младина на ГЕРБ.

    Борисов им кажа на присутните млади дека треба да направат сè што е можно сегашните, но и идните поколенија да не се замразат.
    „Радев ја раздели државата, а сега го раздели и народот на тема Северна Македонија“, кажа Борисов.

    Борисов мисли дека сегашните власти во Софија лажат во врска со преговорите со Македонија, но ќе почека да види до Европскиот совет, кој ќе се одржи на 24 и 25 јуни, кога треба да се донесе одлука околу почетокот на пристапните преговори на ЕУ со Македонија.

    „Пред тоа е Самитот на НАТО. Се надевам дека имаат храброст и вештини да ги водат преговорите што ќе ги направат двата народа на овие две соседни земји најпријателски“, рече Борисов, додавајќи дека додека неговата партија била на власт, Бугарија била лидер на Балканот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира