АРНАУТОВИЌ КАЗНЕТ СО ЕДЕН МЕЧ СУСПЕНЗИЈА ОД УЕФА ЗА НАВРЕДА НА АЛИОСКИ

    АРНАУТОВИЌ КАЗНЕТ СО ЕДЕН МЕЧ СУСПЕНЗИЈА ОД УЕФА ЗА НАВРЕДА НА АЛИОСКИПо мечот, на кој Австрија победи со 3:1, Арнаутовиќ се извини за прославата на голот и рече дека не е расист. (Фото: Гети)

    УЕФА го казни австрискиот напаѓач Марко Арнаутовиќ со еден меч суспензија откако утврди дека е виновен за „навреда на друг играч“ за време на натпреварот против Македонија во неделата на Европското првенство.

    Арнаутовиќ, кој е со српско потекло, мораше да биде смируван од капитенот Давид Алаба при прославата на третиот гол за Австрија. Арнаутовиќ ги навредуваше македонските репрезентативци Алиоски и Бејтулаи.

    УЕФА утврди дека 32-годишниот фудбалер се однесувал несоодветно, но не утврди дека имало дискриминација.

    По мечот, на кој Австрија победи со 3:1, Арнаутовиќ се извини за прославата на голот и рече дека не е расист.
    Австрија утре игра со Холандија, додека Македонија игра со Австрија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира