МАКЕДОНИЈА ИЗГУБИ ОД УКРАИНА НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО

    МАКЕДОНИЈА ИЗГУБИ ОД УКРАИНА НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВОЕзѓан Алиоски го постигна својот прв на европските првенства. (Фото: Твитер/УЕФА)

    Македонија загуби со 2:1 од Украина во вториот меч на Европското првенство, во Букурешт. Украинците поведоа со головите на Андриј Јармоленко во 29. минута и Роман Јаремчук во 34. минута, а за „црвено-жолтите“ голот го постигна Езѓан Алиоски во 57. минута.

    Украинците не реализираа пенал во 84. минута, кога Столе Димитриевски го одбрани ударот на Руслан Малиновски, но македонската репрезентација до крајот не успеа да го израмни резултатот.

    Во првото коло од групата Ц, Македонија загуби од Австрија со 3:1, а избраниците на селекторот Игор Ангеловски во последното коло од фазата на групи играат со Холандија, во Амстердам на 21 јуни.

    Вечерва, во другиот меч од групата, играат Холандија и Австрија. Холандија ја победи Украина со 3:2 во првото коло.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира