БРИТНИ СПИРС ОСТАНУВА ПОД СТАРАТЕЛСТВОТО НА ТАТКО Ѝ, ОБЈАВИ СУДОТ

    БРИТНИ СПИРС ОСТАНУВА ПОД СТАРАТЕЛСТВОТО НА ТАТКО Ѝ, ОБЈАВИ СУДОТСпирс минатата недела сведочеше дека е уплашена од татко ѝ и дека си го сака животот назад (Фото: АП)

    Судот во Лос Анџелес го одби барањето на Бритни Спирс да му се одземе старателството на татко ѝ врз нејзините деловни работи. Поп ѕвездата во ноември минатата година побара од судот да го прекине старателството што пред 13 години му беше доделено на Џејми Спирс, во периодот кога таа доживеа нервен слом и имаше грижи за нејзината ментална состојба.

    Ова следува една недела по нејзиното сведочење по телефонски пат, кога кажа дека е уплашена од татко ѝ и дека си го сака животот назад.

    Сепак, судијата изјави дека не може да донесе одлука само врз основа на изјава, туку таа мора да поднесе формално барање за прекинување на старателството. Спирс во ноември побара друга приватна фирма да биде назначена за единствен старател.

    Минатата недела, Бритни Спирс го опиша 13-годишното старателство на татко ѝ како злоставување и кажа дека била ставена на терапија со лекови и морала да настапува спротивно на нејзината волја и дека ѝ било забрането да има уште деца.

    „Не сум среќна. Не можам да спијам. Трауматизирана сум и плачам секој ден. Само си го сакам мојот живот назад“, кажа Спирс во 23-минутниот телефонски разговор.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира