ЏОНСОН РЕШЕН ДА ГИ УКИНЕ РЕСТРИКЦИИТЕ ВО БРИТАНИЈА НА 19 ЈУЛИ, ЛУЃЕТО ТРЕБА САМИ ДА СИ НОСАТ ОДЛУКИ

    ЏОНСОН РЕШЕН ДА ГИ УКИНЕ РЕСТРИКЦИИТЕ ВО БРИТАНИЈА НА 19 ЈУЛИ, ЛУЃЕТО ТРЕБА САМИ ДА СИ НОСАТ ОДЛУКИЏонсон очекува бројот на заразени да продолжи да расте и во наредните недели (Фото: Фликр)

    Борис Џонсон денеска ќе објави дека сите преостанати ковид рестрикции во Велика Британија ќе бидат укинати на 19 јули, и покрај предупредувањата од владините научни советници дека тоа би можело да доведе до создавање нови варијанти на коронавирусот.

    Иако Британија се соочува со најголемото ширење на вирусот од јануари годинава, што се должи на попреносливата делта варијанта, Џонсон е решен да ја спроведе последната фаза од отворањето на земјата за две недели. Конечната одлука за ова ќе биде донесена на 12 јули. Целосното отворање претходно беше одложено за еден месец откако се појавија грижите околу индискиот сој.

    Во услови кога 86% од населението примило барем една доза од вакцината против ковид-19, владата смета дека веќе нема потреба од законски ограничувања на однесувањето на луѓето и дека треба да им се дозволи повторно сами да носат одлуки. Иако се очекува бројот на заразени да продолжи да расте, владата вели дека вакцинирањето ја ослабнало врската со хоспитализациите и смртните случаи.

    „Научивме да живееме со вирусот. Сепак, мора да нагласам дека пандемијата не е завршена и дека бројот на заразени ќе продолжи да расте во наредните недели“, изјави Џонсон.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира