ЗАДОЛЖИТЕЛНА ВАКЦИНАЦИЈА ЗА ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ ВО ГРЦИЈА, СЕ ВОВЕДУВААТ РЕСТРИКЦИИ ЗА НЕВАКЦИНИРАНИТЕ ГРАЃАНИ

    ЗАДОЛЖИТЕЛНА ВАКЦИНАЦИЈА ЗА ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ ВО ГРЦИЈА, СЕ ВОВЕДУВААТ РЕСТРИКЦИИ ЗА НЕВАКЦИНИРАНИТЕ ГРАЃАНИВакцина против ковид-19 на „Фајзер“. (Фото: СДК.МК)

    Вакцинацијата против ковид-19 ќе биде задолжителна во Грција за здравствените работници и персоналот во старечките домови, откако пак почна да расте бројката на нови случаи во земјата, кажа денеска премиерот Кирјакос Мицотакис.

    Оваа мерка стапува во сила веднаш за персоналот во старечките домови, додека за здравствените работници ќе почне да важи од 1 септември.

    Мицотакис исто така соопшти нови рестрикции за спречување на ширењето на коронавирусот, па така влез во затворени кафулиња, ресторани, кина, театри и други затворени простори ќе биде дозволен само за вакцинирани муштерии.

    Грчките власти ќе се обидат и да ги вакцинираат сите припадници на армијата со тоа што ќе се спроведува вакцинација по касарните, рече Мицотакис.

    Грција регистрираше 2.065 нови случаи на ковид-19, како и 10 починати во изминатите 24 часа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира