И ЛЕВИЦА ПОБАРА ИЗОЛАЦИЈА НА ВМРО-ДПМНЕ ПО ПОВИКОТ НА ЛИБЕРАЛНАТА ПАРТИЈА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    И ЛЕВИЦА ПОБАРА ИЗОЛАЦИЈА НА ВМРО-ДПМНЕ ПО ПОВИКОТ НА ЛИБЕРАЛНАТА ПАРТИЈА

    Партијата Левица предложи да се формира експлицитен кордон околу ВМРО-ДПМНЕ за изолација на партијата, бидејќи, како што изјави претседателот на партијата Здравко Савески, таа е креатор на владејачките политики десет години и ја упропасти Македонија.

    “Ако ВМРО-ДПМНЕ освои уште еден мандат, партијата ќе ѝ зарие конечен нож на Македонија и ќе ја уништи земјата. Потребно е сите опозициски партии, вклучително и партиите од албанскиот блок, да кажат експлицитно на јавноста и да потпишат заеднички меморандум, дека нема да учествуваат во влада во која учествува ВМРО-ДПМНЕ и нема да поддржат влада во која ќе учествува ВМРО-ДПМНЕ. На таков начин, не само што јавноста ќе има потранспарентна слика за позициите на сите политички партии учесници на изборите, туку и меѓународниот фактор ќе биде дестимулиран да прави некои постизборни комбинации кои ќе ја вклучат онаа партија која зад себе има оставено крупен криминал во оваа земја“, рече Савески.

    На почетокот на месецов, лидерот на Либералната партија Ивон Величковски ги повика опозициските партии да преземат јавна обврска без оглед на изборниот исход, нема да коалицираат со Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.

    Левица ќе излезе самостојно на изборите, зашто смета дека СДСМ нема што да понуди. Не смета Савески дека тоа ќе ги раситни гласовите, туку вели дека има многу граѓани кои се незадоволни од досегашната понуда.

    „Нашата одлука за самостојно учество е во насока на максимализација на анти-режимските гласови“, додаде Савески.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира