СЕРТИФИКАТ ЗА ПРИМЕНА ВАКЦИНА ЌЕ БИДЕ ЗАДОЛЖИТЕЛЕН ВО ГРЦИЈА И ЗА ВЛЕЗ ВО КАФУЛИЊА И НОЌНИ КЛУБОВИ НА ОТВОРЕНО

    СЕРТИФИКАТ ЗА ПРИМЕНА ВАКЦИНА ЌЕ БИДЕ ЗАДОЛЖИТЕЛЕН ВО ГРЦИЈА И ЗА ВЛЕЗ ВО КАФУЛИЊА И НОЌНИ КЛУБОВИ НА ОТВОРЕНОГрција е соочена со нов бран на инфекции на коронавирус откако вчера беа регистрирани 2.794 случаи на ковид-19 и шест починати. - Вакцина „спутник“ (Фото: СДК.МК)

    Грчката влада денеска објави дека сертификат за примена вакцина или прележан ковид-19 ќе биде потребен и за влез во објекти за забава на отворено, како кафулиња и ноќни клубови.

    Грција денеска воведе нови правила, соочена со нов бран на инфекции на коронавирус откако вчера беа регистрирани 2.794 случаи на ковид-19 и шест починати.

    Покрај сертификатот, грчката влада одлучи капацитетот на кафулињата и ноќните клубови да бидат ограничен на 85 отсто и да биде дозволено само седење.

    Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во понеделникот рече дека се воведува задолжителна вакцинација во Грција за здравствените работници и персоналот во старечките домови, а влез во затворени простори ќе биде дозволен само за вакцинирани муштерии.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира