ИНИЦИЈАТИВАТА „НИЕ ОДЛУЧУВАМЕ“ ЌЕ ГИ МОТИВИРА МЛАДИТЕ ДА ИЗЛЕЗАТ НА ИЗБОРИ

a:1:{s:9:"td_source";s:24:"Скопје,(Мета)

    ИНИЦИЈАТИВАТА „НИЕ ОДЛУЧУВАМЕ“ ЌЕ ГИ МОТИВИРА МЛАДИТЕ ДА ИЗЛЕЗАТ НА ИЗБОРИ

    Граѓанските здруженија обединети околу иницијативата за слободни избори денеска пред Собранието го најавија почетокот на акцијата „Ние одлучуваме“, која треба да ги информира, да ги мотивира и да ги охрабри граѓаните да учествуваат на предвремените парламентарни избори на 11 декември.

    Акцијата, како што соопштија денеска на прес-конференција пред Собранието на Република Македонија дел од организаторите, исто така ќе ги регистрира злоупотребите на јавните ресурси и институции за изборни цели и евентуланите закани и заплашувања кон граѓаните за остварување на изборачкото право.

    Граѓаните активисти во рамките на акцијата подготвија и издадоа весник на македонски и на албански јазик, преку кој ќе ги запознаат и ќе ги потсетат граѓаните за состојбите и за проблемите во здравството, образованието, социјалната политика, правосудството и во животната средина.

    „Ги охрабруваме сите граѓани да ја користат бесплатната СОС-телефонска линија 0800 88888, која ќе биде достапна од 9 до 21 часот секој ден, за да пријават нерегуларности и злоупотреби“, рече активистот Драган Додевски.

    Активистот Љуми Бекири ги повика особено младите да излезат да гласаат и нагласи дека политиката им припаѓа ним и на сите граѓаните, а не само на политичарите.

    „Младите се најзасегнати од политиката, а најмалку заинтересирани за гласање“, рече Бекири.

    Акцијата ќе се спроведува на целата територија на државата, а во неа ќе бидат вклучени голем број граѓански здруженија од сите градови.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира