КОСОВСКИОТ ФИЛМ „УЛИШТЕ“ НА БЛЕРТА БАШОЛИ ПОБЕДИ НА СИНЕДЕЈС

    КОСОВСКИОТ ФИЛМ „УЛИШТЕ“ НА БЛЕРТА БАШОЛИ ПОБЕДИ НА СИНЕДЕЈС„Улиште“  во февруари освои 3 награди на фестивалот Санденс, најголемиот за независен авторски филм во САД. (Фото: Санденс)

    Косовскиот филм „Улиште“ на режисерката Блерта Башоли, копродукција помеѓу Косово, Македонија, Швајцарија и Албанија победи на 20. Фестивалот на европски филм Синедејс во Скопје, кој завршува вечерва.

    „Улиште“ е за жена од Косово чиј сопруг исчезнал во косовската војна и која се бори против патријархалното општество за да ја одржи својата фирма. Македонски копродуцент е „Црна мачка продукција“ и продуцентите Кристијан Буровски и Томи Салковски, а беше поддржан од македонската Агенција за филм на конкурсот во 2017 со 3.000.000 денари (околу 50.000 евра).

    „Улиште“  во февруари освои 3 награди на фестивалот Санденс, најголемиот за независен авторски филм во САД.

    Натпреварувачката програма на фестивалот ја следеше жири-комисијата во состав, Славко Собин – актер, Зејнеп Атакан – продуцентка и Марисела Росети одговорна за Лукс награда.

    „Прекрасен филм и воодушевувачки начин на кој една вистинита приказна беше трансформирана на големо платно, со брилијантна, многу природна и лежерна глума“, стои во нивната одлука за наградата за најдобар филм Златна ѕвезда.

    Во „СЕЕ програмата“, награда Златно сонце за најдобар филм доби филмот „Мир и хармонија“ од Несими Јетик, за кој жирито вели: „Многу моќен женски филм, што е навистина пријатно да се погледне во овие времиња. Партнерството помеѓу трите актерки е нешто што толку ретко се гледа, изведено е со толку различна динамика, знаете – љубов и омраза и конфликт“.

    Програмата на Синедејс вечерва продолжува на поп-ап локацијата (20:30) кај езерцето Градски парк со кратки македонски филмови, а во 20:30 почнува и програмата на врв на Водно со два еко-филма.
    По двете проекции, во 22 часот игра данскиот  „Уште една тура“ на Томас Винтерберг, кој доби Оскар за најдобар странски филм.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира