ЈАПОНКА НА 13 ГОДИНИ СТАНА ОЛИМПИСКА ШАМПИОНКА ВО СКЕЈТБОРДИНГ

    ЈАПОНКА НА 13 ГОДИНИ СТАНА ОЛИМПИСКА ШАМПИОНКА ВО СКЕЈТБОРДИНГПокрај Момиџи Нишија, на подиумот се најдоа уште две тинејџерки (Фото: АФП)

    Тринаесетгодишната Јапонка Момиџи Нишија влезе во историјата како првата олимписка шампионка во скејтбординг, спорт кој во Токио дебитира на Олимписките игри. Нишија го освои златниот медал во дисциплината стрит, среброто ѝ припадна на нејзината врсничка од Бразил, Рајса Леал, додека на третото место заврши 16-годишната домашна натпреварувачка Фуна Накајама.

    Со просечната возраст од 14 години и 191 ден, ова е најмладиот подиум во историјата на Олимписките игри.

    Нишија, сепак, не го собори рекордот за најмлада олимписка шампионка досега. Тој статус и натаму ѝ припаѓа на Американката Марџори Гестринг, која имала 13 години и 267 дена кога освоила злато во скокови во вода на Олимписките игри во Берлин во 1936 година, со што била 63 дена помлада од Нишија.

    Други две скејтерки ќе имаат можност да го урнат рекордот на Гестринг: Скај Браун ќе настапи на 4 август со 13 години и 28 дена, додека Кокона Хираки ќе биде уште помлада: 12 години и 343 дена.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира