ВЛАДАТА ГИ НАГРАДИ ОЛИМПИСКИОТ ВИЦЕШАМПИОН ДЕЈАН ГЕОРГИЕВСКИ И НЕГОВИОТ ТРЕНЕР СО 40 ИЛЈАДИ ЕВРА

    ВЛАДАТА ГИ НАГРАДИ ОЛИМПИСКИОТ ВИЦЕШАМПИОН ДЕЈАН ГЕОРГИЕВСКИ И НЕГОВИОТ ТРЕНЕР СО 40 ИЛЈАДИ ЕВРАГеоргиевски вчера го освои првиот олимписки медал за Македонија по пауза од 21 година. (Фото: МРТ/принтскрин)

    Владата донесе одлука на вчерашната седница да му додели парична награда од 1,2 милиони денари на олимпискиот вицешампион во теквондо Дејан Георгиевски, а на неговиот тренер Дарко Костовски да му бидат доделени 600 илјади денари. Дополнително, освојувачот на сребрениот медал на Олимписките игри во Токио ќе добие 600 илјади денари од Агенцијата за млади спорт, соопштија од Владата.

    Георгиевски вчера стана олимписки вицешампион во теквондо во категоријата до 80 килограми. Тој се закити со сребро откако во финалето изгуби со 15:9 од Русинот Владислав Ларин, најдоброрангираниот натпреварувач на турнирот. Ова е прв олимписки медал за Македонија по пауза од 21 година.

    На патот до финалето, Георгиевски денеска ги совлада актуелниот светски првак Рафаел Јуниер Алба Кастилјо од Куба со 11:8, репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска, Сајду Гбане, со 9:4 и Кјо Дон Ин од Јужна Кореја со 12:6.

    Георгиевски, кој е член на теквондо клубот Бутел, во кариерата има освоено злато и сребро на европските првенства, а нормата за Токио ја избори на квалификацискиот турнир во Софија.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира