Директорот на Фондот за иновации Коста Петров ги скрши двете раце откако во саботата падна од велосипед. Како што напиша на својот Фејсбук профил при утринското возење велосипед на кејот во Скопје, паднал и се здобил со повреди. Од минувачите на кејот била повикана Брза помош и бил пренесен во Клиничкиот центар.
„Најголема благодарност до персоналот на Клиниките за траума и ортопедија, особено до доктор Александар Трајановски и доктор Александар Савески, за грижата и посветеноста. Сега следува период на рехабилитација и одмор, а за неколку недели продолжуваме со уште по забрзано темпо“, напиша Петров.
Коста Петров во ноември лани беше назначен од Владата на функцијата директор на Фондот за иновации. Петров беше потпретседател на СДСМ од 2019 па се до мај годинава кога на 26.Конгрес беа избрани нови потпретседатели на партијата.
А. АНТЕВСКА