ЖЕНИТЕ ОД ТЕТОВСКИТЕ СЕЛА ДОБИЈА БЕСПЛАТЕН ПРЕВОЗ ЗА ПРЕВЕНТИВЕН ПРЕГЛЕД НА ДОЈКА

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Тетово,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

ЖЕНИТЕ ОД ТЕТОВСКИТЕ СЕЛА ДОБИЈА БЕСПЛАТЕН ПРЕВОЗ ЗА ПРЕВЕНТИВЕН ПРЕГЛЕД НА ДОЈКА

Жените од руралните средини од тетовскиот регион кои ќе сакаат да извршат скрининг на дојка отсега ќе можат да користат бесплатен превоз од нивното село до Клиничкиот центар во Тетово. Оваа акција, која ја организира Општина Тетово во соработка со Клиничкиот центар од градот,  е за жените над 40-годишна возраст и ќе трае една година. Целта на акцијата е да се подигне свеста кај жените за редовни контроли за откривање на ракот на дојката. За ова во Општината е отворена телефонска линија (044 511 930) на која жените ќе можат да се пријават и да закажат преглед и со тоа да обезбедат и бесплатен превоз до Клиничкиот центар.

“Карциномот на дојката не е добра вест и нормално е дека го менува животот на една жена. Но тоа не значи дека нема шанси тој да се победи. И јас припаѓам на група жени кои целиот тој тежок процес го има поминато и преживеано. Затоа, ги повикувам сите сите жени да ги користат овие можности кои ги дава Клиничкиот центар и навремено да се јават на скрининзи и без никаков страв, за да дадат повеќе придонес за квалитетот на својот живот“ изјави градоначалничката на Тетово Теута Арифи при посетата на одделот за дијагностика на дојката при Клиничкиот центар во Тетово.

Арифи е една од малкуте јавни личности која јавно зборуваше за својата борба со ракот на дојката.

По проблемите кои одделот за дијагностика на дојката ги имаше минатата година, кога просториите беа поплавени, а дел од опремата беше оштетен, изминативе шест месеци одделот работи со полн капацитет. Минатата година се работеа само скрининг прегледи но со комплетирање на опремата сега се вршат и мамографски како и ехо и  прегледи.

Клиничкиот центар во Тетово сега е опремен за тековната дијагностика и жените од регионот веќе не мора да одат во Скопје (Фото: СДК.МК)

Клиничкиот центар во Тетово сега е опремен за тековната дијагностика и жените од регионот веќе не мора да одат во Скопје (Фото: СДК.МК)

“Потребна е жените да вршат редовна контрола затоа што ракот на дојката стана болест што може да се лечи кога ќе се открие во рана фаза. Клиничкиот центар сега е опремен за тековната дијагностика и жените од нашиот регион веќе не мора да одат во Скопје за еден ваков преглед , туку тој може овде да се направи. Поради ова и расте интересот за вакви контролни прегледи и кај жените од градот но и кај жените од руралните средини, и тоа пред сѐ поради фактот дека денешната жена е добро информирана и сака да се грижи за своето здравје. На нашето одделение дневно се прегледуваат 10 до 12 пациентки, а има кои доаѓаат и со приоритетни упати“ вели др. Марија Ефкоска, раководител на одделот за дијагноза на дојка при Клиничкиот центар во Тетово.

Во акцијата за подигање на свеста кај жените за превенција од ракот на дојката се отпечатени флаери на македонски и албански јазик, преку кои се информираат како самите да извршат контрола и како да ги откријат евентуалните промени на дојката.

Симнете ја мобилната апликација

©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира