ВУХАН ЌЕ ГИ ТЕСТИРА СИТЕ 11 МИЛИОНИ ЖИТЕЛИ ПО СЕДУМ СЛУЧАИ НА КОРОНАВИРУС

    ВУХАН ЌЕ ГИ ТЕСТИРА СИТЕ 11 МИЛИОНИ ЖИТЕЛИ ПО СЕДУМ СЛУЧАИ НА КОРОНАВИРУСВо Вухан немаше локално пренесување на вирусот повеќе од една година (Фото: Гети)

    Властите на Вухан, градот од кој почна пандемијата на коронавирусот, ќе ги тестира сите 11 милиони жители откако беа регистрирани неколку позитивни случаи во изминатите денови. Вухан потврди седум случаи на локално пренесување на вирусот, први по повеќе од една година пауза.

    Кина моментално се соочува со најголемото ширење на коронавирусот во изминатите месеци, со над 300 случаи на зараза во последните 10 дена. Погодени се 15-ина провинции, при што локалните власти наредија мерки како масовно тестирање и карантин. Тие го поврзуваат ширењето со попреносливиот делта сој и со домашната туристичка сезона.

    Вухан одлучи да го тестира целото свое население откако денеска во Кина беа потврдени 90 нови случаи на зараза.

    Последното ширење се поврзува со вработените на прометниот аеродром во Нанџинг, град кој веќе трипати ги тестираше сите свои 9,2 милиона жители, додека викендов ново жариште стана популарната туристичка дестинација Жангџијаџие во провинцијата Хунан.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира