БОРАЧОТ НУРОВ ИЗГУБИ ВО ЧЕТВРТФИНАЛЕТО, НО ОСТАНУВА ВО ИГРА ЗА БРОНЗА

    БОРАЧОТ НУРОВ ИЗГУБИ ВО ЧЕТВРТФИНАЛЕТО, НО ОСТАНУВА ВО ИГРА ЗА БРОНЗАНуров има шанси да стигне до бронзата преку репасажот (Фото: МОК)

    Борачот Магомедгаџи Нуров, втората македонска надеж за медал на Олимписките игри во Токио, ја изгуби четвртфиналната борба со Кубанецот Реинерис Салас Перес со 4:6, но останува во игра за бронза.

    Нуров, кој се натпреварува во категоријата до 97 килограми, го почна настапот во Токио со убедливата победа над Тунижанецот Мохамад Садауи со 5:0. Тој има шанса да се бори за бронзениот медал преку репасажот, но тоа ќе зависи од резултатот на Салас Перес во полуфиналето.

    Нуров е еден од двајцата македонски спортисти кои настапуваат во Токио со обезбедена норма, покрај теквондистот Дејан Георгиевски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира