ДЕЛТА СОЈОТ СО ГОЛЕМА БРЗИНА СЕ ШИРИ НИЗ САД, ЗЕМЈАТА ПОВТОРНО БЕЛЕЖИ 100.000 НОВОЗАРАЗЕНИ НА ДЕН, ГЛАВНО НЕВАКЦИНИРАНИ

    ДЕЛТА СОЈОТ СО ГОЛЕМА БРЗИНА СЕ ШИРИ НИЗ САД, ЗЕМЈАТА ПОВТОРНО БЕЛЕЖИ 100.000 НОВОЗАРАЗЕНИ НА ДЕН, ГЛАВНО НЕВАКЦИНИРАНИБројот на заразени повторно расте, иако дури 70% од возрасното население е вакцинирано (Фото: АП)

    САД имаат над 100.000 нови случаи на коронавирус на ден, враќајќи им се на бројките што за последен пат беа видени за време на зимскиот бран, што укажува на тоа колку брзо делта сојот се шири низ земјата. Кон крајот на јуни, дневниот просек на бројот на новозаразени беше 11.000, а сега изнесува 107.143.

    САД ја надминаа бројката од 100.000 нови случаи на ден дури девет месеци од почетокот на пандемијата, што го достигна врвот во почетокот на јануари, кога беа 250.000. Најниските бројки беа забележани во јуни, но потоа повторно се искачија до 100.000 на ден за само шест недели, иако дури 70% од возрасното население е вакцинирано.

    Седумдневниот просек на бројот на починати од ковид-19 исто така порасна, според податоците на Универзитетот Џонс Хопкинс. Во изминатите две недели имало 270 смртни случаи на ден, а вчера починале речиси 500 пациенти со ковид-19.

    Вирусот со голема брзина се шири меѓу невакцинираното население, особено на југот на земјата, каде што болниците се преплавени со пациенти.

    „Нашите пресметки кажуваат дека ако луѓето не се вакцинираат, ќе имаме неколку стотици новозаразени на ден, слично на ширењето во почетокот на јануари“, изјави директорката на Центарот за контрола и превенција на болести, Рошел Валенски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира