Фејсбук отстранил стотици страници за кои вели дека служеле за ширење дезинформации за вакцинирањето, а кои биле водени од Русија. Главна цел на оваа мрежа биле Индија, Јужна Америка и САД.
Тие се обидувале да ангажираат инфлуенсери за да шират лажни тврдења и да ја поткопаат довербата на јавноста во вакцини, првенствено против ковид-19, објави компанијата.
„Пронајдовме врска помеѓу мрежата и кампања за ширење дезинформации на инфлуенсерската маркетинг агенција ‘Фазе‘, која е дел од компанијата ‘Еднау‘, чие седиште е во Русија“, соопшти Фејсбук.
Минатиот месец, Би-Би-Си откри дека „Фазе“ нудел пари на инфлуенсери за да шират лажни тврдења за ризици поврзани со вакцината на „Фајзер“.
Според Фејсбук, ова е вториот бран обиди на мрежата да ги оцрни западните вакцини против ковид-19. Во ноември 2020, мрежата се обиде да прошири лажни информации и за вакцината на „АстраЗенека“.
Фејсбук кажа дека отстранил 65 страници на Фејсбук и 243 на Инстаграм, поврани со лажни профили создадени во Пакистан и Бангладеш.