Над 800 лица починале од ковид-19 во Русија во изминатите 24 часа. Откако вчера имаше 799 мртви, уште 808 Руси ја изгубиле битката со ковид-19, што претставува нов рекорд за земјата од почетокот на пандемијата.
Бројот на новозаразени постепено паѓа откако беше достигнат врвот на крајот на јули. Денеска има 21.932 нови случаи на коронавирус, од кои 2.294 се во Москва.
Властите ги поврзуваат високите бројки со попреносливиот делта сој и ниската стапка на вакцинирање.