ПАНДЕВ ЈА ОДЛОЖИ ПЕНЗИЈАТА И ПОТПИША ЗА ЏЕНОВА ДО ЈУНИ 2022

    ПАНДЕВ ЈА ОДЛОЖИ ПЕНЗИЈАТА И ПОТПИША ЗА ЏЕНОВА ДО ЈУНИ 2022Џенова е клубот во кој Пандев најдолго се задржа во својата кариера (Фото: ЕПА)

    Горан Пандев го одложи пензионирањето и го продолжи договорот со Џенова до јуни 2022. Најдобриот македонски фудбалер, кој во јули наполни 38 години, најави дека ќе донесе одлука за својата фудбалска иднина по Европското првенство, каде ги одигра последните мечеви за репрезентацијата.

    Џенова е клубот во кој Пандев најдолго се задржа во својата кариера, откако ѝ се придружи во 2015 година, по краткиот престој во Турција. Претходно, тој играше во Италија и за Наполи, Интер. Лацио, Анкона и Специја.

    Пандев е меѓу странските играчи со најдолг стаж во Серија А, каде што на 473 натпревари постигна 101 гол.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира