Педесет и седум лица загинаа во силните поплави и лизгање на земјиштето крај турскиот брег на Црното Море, соопшти турската агенција за вонредни состојби и катастрофи. Властите ги оспоруваат извештаите дека десетици луѓе се водат како исчезнати.
Поројните врнежи кои ги зафатија областите Бартин, Кастамону и Синоп во средата, предизвикаа поплави кои уништија живеалишта, срушија најмалку пет мостови, однесоа коли и уништија патишта. Најмногу жртви, 48, има во Кастамону.
Според Агенцијата, осуммина се сѐ уште в болница. Околу 2.250 граѓани беа евакуирани.
Турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу рече дека 15 од починатите сѐ уште не се идентификувани. Тој ја критикуваше опоицијата, социјалните платформи и и медиумите, кои пренесуваат дека стотици се исчезнати. Сојлу вели дека вкупно 77 лица се водат како исчезнати, но потенцираше дека не мора да се значи дека се мртви. Министерот додаде дека претходно за исчезнати се водеа 143, а меѓу нив имало и преживеани и некои два пати наведени на списокот.