ПАДНА МОСТ ВО ИТАЛИЈА, ЕДЕН ЗАГИНАТ

a:1:{s:9:"td_source";s:32:"Италија,(БИ-БИ-СИ)

    ПАДНА МОСТ ВО ИТАЛИЈА, ЕДЕН ЗАГИНАТ

    Еден човек загина, а петмина се повредени во Италија, кога денеска падна мост врз прометен пат. Мостот, во провинцијата Леко близу Милано, падна кога преку него поминувал тешко натоварен камион, и ги смачкал колите под него.

    Компанијата која управува со главните патишта во Италија ги обвини локалните власти, и рече дека неколку часа пред несреќата барала мостот веднаш да се затвори. Отворена е кривична истрага.

    Италијанската компанија за патишта тврди дека побарала мостот да се затвори околу 14 часот, откако еден од работниците забележал проблеми, но локалната власт побарала писмено барање за да направи инспекција, и мостот паднал пред да стигнат инспекторите

    Италијанската компанија за патишта тврди дека побарала мостот да се затвори околу 14 часот, откако еден од работниците забележал проблеми, но локалната власт побарала писмено барање за да направи инспекција, и мостот паднал пред да стигнат инспекторите

    Несреќата се случила околу 17.20 минути, кога камионот натоварен со 108 тони товар минувал преку мостот. Во несреќата настрадале уште 4 коли, од кои едната е сосема смачкана под паднатиот мост.

    Анас, италијанската компанија за патишта, инсистира дека побарала мостот да се затвори околу 14 часот, откако еден од работниците забележал проблеми. Вели дека власта на Леко побарала писмено барање – што значело дека треба да има формална инспекција на мостот. Но, мостот паднал пред инспекторите да стигнат до него. Власта на Леко ја демантира оваа верзија на настаните.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира