ЗЕМЈАВА ЌЕ ПРИМИ 780 БЕГАЛЦИ ОД АВГАНИСТАН, ПРВИТЕ СТИГНУВААТ ВЕЧЕРВА ОД ИСТАНБУЛ НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ

    ЗЕМЈАВА ЌЕ ПРИМИ 780 БЕГАЛЦИ ОД АВГАНИСТАН, ПРВИТЕ СТИГНУВААТ ВЕЧЕРВА ОД ИСТАНБУЛ НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМЕвакуираните Авганистанци треба да допатуваат со три чартер линии на швајцарска авио компанија „Хелветик“.(Фото: Хелветик)

    Според најновите податоци земјава ќе прими 780 евакуирани бегалци од Авганистан, кажа денеска владиниот портпарол Душко Арсовски одговарајќи на новинарско прашање.

    Оваа е бројката која меѓународните институции ја испратиле до Влада.

    Дознаваме дека пристигнувањето на првата група евакуирани од САД и сојузниците треба да биде вечерва. Според информации на САКАМДАКАЖАМ.МК првите авиони со бегалци од Авганистан треба да слетаат вечерва на Скопскиот аеродром од Истанбул со три чартер авиони на швајцарска авио компанија „Хелветик“.

    Првата група требаше да дојде во понеделник вечерта со авион на авганистанската компанија „Камер“. Но, бидејќи авганистанските авиопревозници се ставени на црна листа на Европската унија како небезбедни, организаторите на евакуацијата го одложија нивното доаѓање преку Истанбул со авиони од европска земја.

    По пристигнувањето на Скопскиот аеродром евакуираните Авганистанци ќе добијат виза за привремен престој во рок од 90 дена.

    „Хотелите во кои ќе бидат сместени се претежно во Скопје, трошоците ќе ги покријат меѓународните институции“, рече Арсовски.

     

    А. АНТЕВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира