НЕВАКЦИНИРАНИТЕ МЕДИЦИНСКИ ЛИЦА ВО ГРЦИЈА СЕ ИСПРАЌААТ НА НЕПЛАТЕН ОДМОР

    НЕВАКЦИНИРАНИТЕ МЕДИЦИНСКИ ЛИЦА ВО ГРЦИЈА СЕ ИСПРАЌААТ НА НЕПЛАТЕН ОДМОРОдлуката ги опфаќа не само лекарите, болничарите, медицинските сестри, туку и административниот и технички персонал. (Фото: СООК)

    Од септември, невакцинираните здравствени работници во Грција се праќаат на неплатен одмор, и со тоа се суспендираат одморите на вакцинираните здравствени работници, со цел да се пополнат дупките кои ќе настанат поради недостиг на персонал, соопшти грчкото Министерство за здравство.

    Одлуката се однесува на кадарот кој работи во работи во државните болници и клиники, службата за Итна помош, објектите за примарно здравство, Националната организација за јавно здравје, како и во приватните и државни објекти за згрижување и нега на повозрасни лица и лица со попречености.

    Одлуката ги опфаќа не само лекарите, болничарите, медицинските сестри и негователите, туку и административниот и технички персонал.

    Оваа одлука беше најавена уште во јули, за да се поттикне вакцинирањето на здравствениот кадар, и уште тогаш Министерството најави дека неплатениот одмор ќе трае до крај на ковид пандемијата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира