ВАКЦИНИРАЊЕ БЕЗ ТЕРМИН ОД ДЕНЕС И ВО МАЛАТА САЛА ВО „БОРИС ТРАЈКОВСКИ“

    ВАКЦИНИРАЊЕ БЕЗ ТЕРМИН ОД ДЕНЕС И ВО МАЛАТА САЛА ВО „БОРИС ТРАЈКОВСКИ“Малата сала во „А1 арената Борис Трајковски“ во Скопје од денес работи како вакцинален пункт. (Фото: Министерство за здравство)

    Од денеска, за ковид вакцинација е отворена малата сала во „А1 арената Борис Трајковски“ во Скопје, и секој може  да се вакцинира без да закаже термин, вели Министерството за здравство. Вакцинацијата и ревакцинацијата продолжува да се одвива и во останатите поликлиники во Скопје, како и низ другите вакцинални пунктови низ државата.

    Досега, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 695.525 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 9.123 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 13.303 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.207.515 дози вакцини, а ревакцинирани се 511.989 граѓани.

    Министерството вчера предупреди дека се намалува старосната граница на заразени од коронавирус кои развиваат тешка клиничка слика на болеста и апелираше до младите лица да се вакцинираат.

    Децата од 12 до 18 годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител, со „Фајзер“, со закажан термин.

    „Ниската стапка на вакцинација во рамки на младите групи е она што, за жал, е причина сè поголем број на заразени да бидат токму младите, кои доколку не се имунизирани можат да развијат тешка форма на болеста, која пак може да доведе до хоспитализација, а некогаш и до смртен исход“, апелира Министерството.

    Б. НЕСТОРОСКА


      ГЛАСНО - во САКАМДАКАЖАМ.МК пријавете проблеми во здравствениот систем


      Почитувани читатели, ни треба вашата помош за заедно да ги откриеме, истражиме и придонесеме за решение на какви било проблеми што го отежнуваат или оневозможуваат пристапот до квалитетна услуга во јавното здравство. Пишете ни за вашите проблеми со здравствените институции низ целата земја. Ви благодариме на довербата.

      Симнете ја мобилната апликација

      ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира