ПОРАНЕШНИОТ ПРАТЕНИК И ГРАДОНАЧАЛНИК НА СВЕТИ НИКОЛЕ СЛОБОДАН ДАНЕВСКИ СОБРА ПОТПИСИ КАКО НЕЗАВИСЕН КАНДИДАТ

    ПОРАНЕШНИОТ ПРАТЕНИК И ГРАДОНАЧАЛНИК НА СВЕТИ НИКОЛЕ СЛОБОДАН ДАНЕВСКИ СОБРА ПОТПИСИ КАКО НЕЗАВИСЕН КАНДИДАТДаневски засега е единствениот назависен кандидат за градоначалник на Свети Николе, а има и назависна советничка листа. (Фото: СДК.МК)

    Ексградоначалникот на Свети Николе во два мандата и поранешен македонски пратеник од редовите на Либералната партија Слободан Даневски, на претстојните локални избори повторно ќе се кандидира градоначалник, но сега како независен кандидат. Од канцеларијата на подрачното одделение на Државната изборна комисија (ДИК) во Свети Николе велат дека Даневски како независен кандидат за релативно кратко време ги собрал потребните 150 потписи.

    Истовремено тој добил потписи и за неговата независна советничка листа за Советот на Општина Свети Николе, чиј број е 15 советници.

    Даневски беше пратеник во Собранието од 1994 до 2002. Беше обвинет во два судски процеси, од кои едниот заврши со конечна апелациска пресуда од 3 години затвор на 19 август 2014. Јавното обвинителство вели дека Даневски до крај си ја издржал казната и не сака да коментира какви се прописите понатаму за неговата кандидатура.

    Од ДИК велат дека кандидатот штом поднел документи и собрал потписи оценил дека нема законски пречки да ја поднесе кандидатурата.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира