Од 16 август до денеска Државната пазарна инспекција направила 6.000 контроли и над 250 инспекциски надзори. Како што велат од Инспекторатот, во истиот период сосе податоците од овој викенд издадени се 5 решенија за затворање на угостителски објекти, од кои 4 во Скопје и еден во Гостивар, за што се издадени платни налози во вкупен износ од 4.000 евра за одговорното лице, 6.000 евра за правното лице и 500 евра за физички лица кои нерегистрирано вршат дејност.
„Со оглед на фактот дека Државниот пазарен инспекторат врши превентивни мерки согласно начелото на превентивност, спречено е одржување на свадба“, велат од Пазарната инспекција.
Според последните мерки на Владата, во кафуле, ресторан, на свадба или во трговски центри може да влезат само граѓани кои се вакцинирани со две дози.
А. АНТЕВСКА