ТЕТОВО, ГОСТИВАР И КУМАНОВО СО НИСКА СТАПКА НА ВАКЦИНИРАНОСТ И НАЈГОЛЕМА СМРТНОСТ ОД КОВИД-19 ВО ЧЕТВРТИОТ БРАН

    ТЕТОВО, ГОСТИВАР И КУМАНОВО СО НИСКА СТАПКА НА ВАКЦИНИРАНОСТ И НАЈГОЛЕМА СМРТНОСТ ОД КОВИД-19 ВО ЧЕТВРТИОТ БРАНПоследните недели драстично е зголемен интересот за вакцинација во Тетово и изнесува скоро 37%. (Фото: СДК.МК)

    Најголема смртност кај пациенти со ковид-19 во јули и август имало во градовите каде имало најнизок процент на вакцинирано население, вели Министерството за здравство. Според нивната аналаза, за време на четвртиот ковид бран, во период од јули до крајот на август, најниска стапка на вакцинација има Гостивар, 29,6 отсто и 73 починати.

    Тетово, го пречека бранот само со 19% вакцинирани граѓани во јули, таму имаше најголем притисок врз болниците, најголем број хоспитализирани пациенти и најголем број смртни случаи, 106 до крај на август. Последните недели драстично е зголемен интересот за вакцинација во Тетово и изнесува скоро 37%.

    Слична е состојбата и во Гостивар каде исто така имаше мал опфат на вакцинирано население, во овој град опфатот на вакцинирани полнолетни граѓани до крај на август е под 30%, а бројот на починати со ковид е 73. Ниска стапка на вакцинација има и во Дебар, Струмица и во Куманово, каде има по 10, 19 и 43 починати.

    Извор: Министерство за здравство

    Во градовите како Гевгелија, Кавадарци, Ресен и Берово каде опфатот со вакцинација е помеѓу 54-61%, бројот на починати е најмал, односно има по еден починат.

    „Време е да ги отфрлиме сите заблуди во врска со вакцините и да се придвижиме кон фактите и кон реалните докази кои всушност ни покажуваат колку тие се значајни и ефикасни. Целта е да го победиме вирусот, а тоа ќе го направиме само со масовна имунизација на целокупното население. Само на овој начин можеме да живееме повторно слободно, без ограничувања и без рестрикции“, апелираат од Министерството.

    На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со завчера вакцинирани се вкупно 733.226 граѓани. Прва доза вакцина завчера примиле 4.179 граѓани, а завчера вкупно се вакцинирале 12.022 граѓани.

    Во државата вкупно се аплицирани 1.280.332 дози вакцини, а ревакцинирани се 547.105 граѓани.

    Со последните бројки, 53% од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина и 28% од населението над 18-39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

    Б. НЕСТОРОСКА


      ГЛАСНО - во САКАМДАКАЖАМ.МК пријавете проблеми во здравствениот систем


      Почитувани читатели, ни треба вашата помош за заедно да ги откриеме, истражиме и придонесеме за решение на какви било проблеми што го отежнуваат или оневозможуваат пристапот до квалитетна услуга во јавното здравство. Пишете ни за вашите проблеми со здравствените институции низ целата земја. Ви благодариме на довербата.

      Симнете ја мобилната апликација

      ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира