ХОЛАНДИЈА ОД 6 СЕПТЕМВРИ ЌЕ БАРА И ВАКЦИНА И ПЦР ТЕСТ И КАРАНТИН ЗА ВЛЕЗ НА МАКЕДОНСКИТЕ ДРЖАВЈАНИ

    ХОЛАНДИЈА ОД 6 СЕПТЕМВРИ ЌЕ БАРА И ВАКЦИНА И ПЦР ТЕСТ И КАРАНТИН ЗА ВЛЕЗ НА МАКЕДОНСКИТЕ ДРЖАВЈАНИПотврда за вакцинирање или за прележан ковид-19 веќе нема да биде доволна за непречен влез во Холандија (Фото: СДК.МК)

    Холандија објави дека од утре ќе ја стави Македонија на листата земји каде што постои многу висок ризик од зараза со коронавирус, при што за македонските државјани се воведуваат нови драстични ограничувања за влез во земјата.

    Целосно вакцинирани македонски државјани и натаму ќе можат да влезат во Холандија, но сепак прво ќе мора да одат во задолжителен десетдневен карантин. Тоа важи од 4 септември.

    Од 6 септември, пак, правилата за влез во Холандија дополнително ќе се заострат. Покрај вакцина и карантин, од патниците ќе се бара и негативен ПЦР тест не постар од 48 часа, односно негативен антиген тест не постар од 24 часа. Властите потенцираат дека потврда за вакцинирање или за прележан ковид-19 веќе нема да биде доволна сама по себе.

    Покрај Македонија, како земји од многу висок ризик се означени и Косово, Израел, САД и Црна Гора.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира