23-ГОДИШНО ЛИЦЕ ОД КРИВА ПАЛАНКА МЕЃУ 26-ТЕ ПОЧИНАТИ ОД КОРОНАВИРУС, ОД ПОЧЕТОКОТ НА ПАНДЕМИЈАТА ПОЧИНАА 6.103 БОЛНИ

    23-ГОДИШНО ЛИЦЕ ОД КРИВА ПАЛАНКА МЕЃУ 26-ТЕ ПОЧИНАТИ ОД КОРОНАВИРУС, ОД ПОЧЕТОКОТ НА ПАНДЕМИЈАТА ПОЧИНАА 6.103 БОЛНИВкупно ковид дијагностицирани досега се 178.879 лица. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Дваесет и шест лица починаа од ковид-19, со што вкупната бројка на починати од почетокот на коронакризата се искачи на 6.013. Регистрирани се 722 новозаболени од 5.865 тестови во изминатите 24 часа.

    Најмладиот починат во изминатото деноноќие е 23-годишно момче од Крива Паланка. Од Министерството за здравство за САКАМДАКАЖАМ.МК велат дека момчето не било вакцинирано и имал прекумерна тежина. Од 25 август досега починаа по едно лице на 21, 23, и 24 години, а најмлад починат пациент досега е 15-годишната девојка од Тетовско, која почина на 1 септември.

    Пријавени се уште  6 починати лица од Скопје (77г,63г,58г,57г,52г,47г,), по 5 починати лица од Тетово (74г,73г,68г,67г и 62г), по 3 починати лица од Гостивар (82г,55г и 52г) и Куманово (84г,71г и 65г) , по 2 починати лица од Кичево (78г и 68г) и Струга (76г и 45г) и по едно починато лице од Струмица (73г), Штип (67г), Охрид (84г) и Прилеп (83г).

    Од пријавените лица 20 се починати во болнички услови, а 6 од пријавените лица се починати во домашни услови.

    Новозаболени се регистрирани во: Скопје – 302, Тетово – 51, Куманово – 46, Струмица – 42,Гостивар – 39, Охрид – 24, Велес, Кичево и Штип – по 21, Кавадарци – 19, Битола ,Свети Николе и Струга – по 18, Прилеп – 16, Кочани – 13, Дебар – 7, Делчево и Радовиш – по 6, Гевгелија , Крива Паланка и Неготино – по 4, Берово, Македонска Каменица ,Пробиштип и Ресен – по 3, Богданци,Валандово и Виница – по 2, Демир Хисар,Дојран, Кратово и Македонски Брод – по 1 .

    Регистрирани се 574 оздравени пациенти од: Скопје – 169, Тетово – 105, Гостивар – 87, Струмица – 36, Куманово – 35, Кичево – 27, Кавадарци – 14, Битола и Кочани – по 13, Штип – 11, Прилеп,Велес и Радовиш – по 10, Свети Николе – 8, Гевгелија – 4, Крива Паланка и Виница – по 3, Неготино, Ресен, Пробиштип ,Македонски Брод и Македонска Каменица – по 2, Охрид, Делчево ,Крушево,Демир Хисар,Демир Капија и Кратово – по 1.

    Направени се 5.865 тестови преку: ИЈЗ-292, ЦЈЗ Скопје-75, ЦЈЗ Битола-70, ЦЈЗ Прилеп-59, ЦЈЗ Тетово–109, ЦЈЗ Куманово –65, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија – 6, ГОБ „8 Септември“-0, Институт за микробиологија–141, Жан Митрев (Филип Втори)-110, Авицена-386, Биотек-338, Систина-134, лабораторија Лаор-337, Синлаб-51, Ремедика-27, Плодност–65, Генеа -16, Никоб лаб-930, ВФВ Медикал-79, Ели Медика-145, Ројал Медика –64, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.366.

    Досега во земјата се направени вкупно 1.175. 766 тестирање на ковид-19.

    Вкупно ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата се 178.879, оздравени се 157.868, а активни случаи се 14.998.

    Дистрибуција по градови

    Скопје 77106, Активни 6025
    Куманово 10386, Активни 946
    Прилеп 8697, Активни 280
    Тетово 10470, Активни 1913
    Битола 6748, Активни 274
    Велес 5813, Активни 250
    Гостивар 7736, Активни 1107
    Кавадарци 5515, Активни 225
    Охрид 5590, Активни 510
    Штип 5296, Активни 212
    Струмица 5276, Активни 690
    Струга 3629, Активни 582
    Кочани 3019, Активни 125
    Кичево 3668, Активни 612
    Гевгелија 2304, Активни 81
    Неготино 2253, Активни 55
    Свети Николе 1716, Активни 136
    Ресен 1417, Активни 124
    Крива Паланка 1277, Активни 35
    Радовиш 1361, Активни 123
    Берово 1133, Активни 33
    Делчево 1058, Активни 70
    Дебар 1374, Активни 239
    Виница 962, Активни 40
    Пробиштип 847, Активни 52
    Валандово 747, Активни 37
    Богданци 532, Активни 37
    Крушево 516, Активни 22
    Демир Хисар 413, Активни 10
    Демир Капија 401, Активни 1
    Кратово 471 63
    Македонски Брод 440, Активни 58
    Пехчево 294, Активни 4
    Македонска Каменица 277, Активни 24
    Дојран 137, Активни 3

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира