Дваесет и петгодишна охриѓанка е најмладата жртва на ковид-19 во денешната статистика што ја објави Министерството за здравство. Починала во приватна болница во Скопје, откако претходно се лекувала во Градската општа болница „8 Септември“, велат од Охридската болница.
Таа била префрлена на лекување во Скопје пред десетина дена со тешка клиничка слика и била дијабетичарка.
Триесет и две лица починаа од ковид-19 во изминатите 24 часа, на возраст од 25 до 81 година, со што вкупната бројка починати од почетокот на епидемијата во Македонија порасна на 6.045.
С. ВРЕНЦОВСКА