ВМРО-ДПМНЕ денеска во Битола организира прослава на 8 Септември – Денот на независноста. Од опозициската партија велат дека тоа ќе биде „вистинско народно одбележување на јубилејот од независноста“.
ВМРО-ДПМНЕ во Битола првин ќе одржи трибина, насловена „30 години се грижиме за Македонија“, на која ќе учествуваат поранешните министри Мартин Тренески и Маријан Ѓорчев, поранешниот скопски градоначалник Коце Трајановски поранешниот технички премиер Емил Димитриев и првиот градоначалник на Битола Златко Милошески.
Централниот дел од прославата на ВМРО-ДПМНЕ ќе се одржи во 19 часот на плоштадот Магнолија во Битола, кога обраќање ќе има претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Официјалната прослава на 8 Септември – Денот на независноста ќе се одржи пред Собранието во Скопје.