Актуелниот министер за локална самоуправа Горан Милевски ќе биде кандидат за градоначалник на Битола од редовите на Движењето ,,Одлучно за промени” кое го сочинуваат ЛДП и ДОМ. Негова кандидатура побара општинската организација на ЛДП од Битола, градот од каде е Милевски и како што велат од партијата и на барање од други граѓани.
„Граѓаните ќе имаат ќе имаат шанса да гласаат за личност, не за партија, да бидат сигурни дека следните четири години ќе работиме чесно и во интерес на битолчани. Ќе настапиме со тим на кандидати за советници во кој има голем број на непартиски луѓе, ентузијасти, со желба на направиме заедно промени во Битола. Големи финансиски средства немаме за трошење во оваа кампања, но тоа ни дава слобода потоа никому да не должиме ништо, освен на граѓаните”, вели Милевски.
Носител на кандидатската листа со советници ќе биде досегашниот претседател на Советот Валентин Груевски.
Ж. ЗДРАВКОВСКА