Грција денеска ги отвори училиштата среде повторниот пораст на бројот на заразени со коронавирус, предизвикано од попреносливиот делта сој.
Според владините регулативи, невакцинираните деца ќе мора да приложат негативен тест двапати неделно, а и наставниците ќе мора да се тестираат двапати неделно. И учениците и наставниците се обврзани да носат маска.
Мал број ученици во Грција имаат примено вакцина против ковид-19, а околу 20% од наставниците остануваат неимунизирани. Класовите ќе се префрлат на онлајн настава доколку повеќе од половина од учениците се заразени.
„Враќањето на целодневна настава со физичко присуство е приоритет“, изјави грчката министерка за образование Ники Керамеус, повикувајќи на строго почитување на мерките, но и на вакцинирање.