ПУКАЊЕ ВО ТРГОВСКИ ЦЕНТАР ВО ЉУБЉАНА, ПОВРЕДЕНИ ТРИ ЛИЦА

    ПУКАЊЕ ВО ТРГОВСКИ ЦЕНТАР ВО ЉУБЉАНА, ПОВРЕДЕНИ ТРИ ЛИЦАКако што информираат од полицијата повредените лица се надвор од животна опасност, а по напаѓачите уште се трага.(Фото: Н1 Словенија)

    Три лица се повредени при пукање во трговскиот центар БТЦ Сити во Љубљана. Како што информираат од полицијата повредените лица се надвор од животна опасност, а по напаѓачите уште се трага.

    „Според досегашните собрани информации од местото, две лица се повредени од истрел од огнено оружје, а третото лице од удар со предмет. Пренесени се на Клиничкиот центар во Љубљана“, соопштија од полицијата.

    Според очевидци кои дадоа изјава за словенечките медиуми во трговскиот центар се слушнале десетина истрели.

    „Се слушнаа истрели, луѓето почнаа да врескаат. Беше страшно, како да има терористички напад“, изјавија граѓани кои биле во трговскиот центар за време на пукањето.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира