ИЗБРАН НОВ ИЗВЕДУВАЧ ЗА БАЗЕНОТ ВО СТРУГА ОТКАКО Е РАСКИНАТ ДОГОВОРОТ СО ФИРМАТА КОЈА НЕ НИ ПОЧНА ДА ГО ГРАДИ

    ИЗБРАН НОВ ИЗВЕДУВАЧ ЗА БАЗЕНОТ ВО СТРУГА ОТКАКО Е РАСКИНАТ ДОГОВОРОТ СО ФИРМАТА КОЈА НЕ НИ ПОЧНА ДА ГО ГРАДИСпоред најавите, стружани за една година ќе добијат модерен и функционален базен на местото каде 15 години има рушевини и купишта смет. (Фото: СДК.МК)

    Затворениот базен во Струга, кој со години е нефункционален и вон употреба, за една година ќе биде изграден. Тендерската постапка за избор на нов изведувач за негова реконструкција заврши, а фирмата која ќе го гради струшкиот базен за десетина дена треба да започне со градежните активности. Според, најавите стружани ќе добијат модерен и функционален базен на местото каде 15 години има рушевини и купишта смет.

    Директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсоски, вели дека фирмата која претходно го добила тендерот поради финансиски проблеми и ковид-пандемијата не можела да ги исполни обврските, па договорот бил раскинат на штета на самата фирма и активирана е банкарската гаранција.

    Стружани не веруваат во ваквите најави, оти пред избори сите давале лажни ветувања, а тие 15 години гледале само руина со срушени ѕидови и купишта отпад.

    Реконструкцијата за стушкиот базен, која требаше да чини 30 милиони денари, предвидуваше функционален базен до крајот на 2021. Рокот е пробиен и за изградбата на затворениот базен во Охрид. Објектот започна да се гради во 2015 и требаше да биде готов за 30 месеци, но и по 5 години сè уште не е завршен.

    Проектот чини околу 5 милиони евра, а инвеститор е Агенцијата за млади и спорт. Мојсоски најави дека и овој базен до следната сезона ќе биде завршен.

    С. ВРЕНЦОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира