ПЛАНОТ ЗА РАСАДНИК ЌЕ СЕ НОСИ ПОСЛЕ ИЗБОРИТЕ, ОД ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА ВЕЛАТ УШТЕ СЕ РАБОТИ И НАМАЛЕНА Е ПОВРШИНАТА ЗА ГРАДБА

    ПЛАНОТ ЗА РАСАДНИК ЌЕ СЕ НОСИ ПОСЛЕ ИЗБОРИТЕ, ОД ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА ВЕЛАТ УШТЕ СЕ РАБОТИ И НАМАЛЕНА Е ПОВРШИНАТА ЗА ГРАДБАЛетово на протести жителите на Кисела Вода побараа нов Детален урбанистички план кој ќе биде донесен на меѓународен конкурс, а граѓаните да избираат меѓу трите најдобри решенија на референдум. (Фото: СДК.МК)

    Деталниот урбанистички план (ДУП) за Расадник во скопска Кисела Вода нема да се донесе пред изборите. Од Општина Кисела Вода за САКАМДАКАЖАМ.МК велат дека нема време планот да се донесе во овој мандат на градоначалникот Филип Темелковски, бидејќи се наоѓа на одобрување во Град Скопје. Потоа, ако Градот нема забелешки, треба да помине во Министерството за транспорт и врски, но тоа се постапки кои траат и по неколку месеци.

    „Предизборната кампања почнува за една недела, па и да биде одобрен од Град Скопје и Министерството за транспорт и врски, ДУП-от нема да се донесе затoa што во предизборие не се носат вакви важни планови. Направени се и одредени измени по забелешките на Градот, односно бруто површината за градба е намалена на 120.000 метри квадратни, што е значително помалку. Откако ќе ги помине сите институции, ние ќе организираме уште една јавна презентација за граѓаните“, велат од Општина Кисела Вода.

    Летово, на протести жителите на Кисела Вода побараа нов Детален урбанистички план кој ќе биде донесен на меѓународен конкурс, а граѓаните да избираат меѓу трите најдобри решенија на референдум. Сегашниот ДУП предвидува изградба на околу 100 нови згради на последното големо зеленило во Скопје, на само 2 километри од центарот на градот, со што дополнително ќе се загрозат и онака лошите и нехумани услови за живеење во овој дел од Општината. Истовремено, граѓаните бараат и минимум 40% јавно зеленило на просторот, катни гаражи, градинки, спортски терени, детски игралишта, училишта, поликлиника, велоспипедсски патеки.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира