САД ВО НОЕМВРИ СЕ ОТВОРААТ ЗА ЦЕЛОСНО ВАКЦИНИРАНИТЕ ПАТНИЦИ

    САД ВО НОЕМВРИ СЕ ОТВОРААТ ЗА ЦЕЛОСНО ВАКЦИНИРАНИТЕ ПАТНИЦИСАД воведоа строги ограничувања за патувања уште во почетокот на минатата година (Фото: Гети)

    САД објавија дека ги олеснуваат рестрикциите за патувања и повторно се отвораат за патниците од Велика Британија, Европска Унија и други држави. Од ноември, повторно ќе може да се патува во САД, но влез ќе им биде дозволен само на целосно вакцинираните, кои притоа ќе се тестираат и ќе се следат нивните контакти, кажа Белата куќа.

    САД воведоа строги ограничувања за патувања уште во почетокот на минатата година и денешната одлука е одговор на барањата на европските сојузници во периодот на заладени односи. Координаторот на Белата куќа, Џеф Зинтс, го најави новиот меѓународен систем на воздушен сообраќај.

    „Тој се базира на поединци, место на цели земји и затоа ова е посилен систем. Најважно од сè, странските државјани ќе можат да патуваат во САД само ако се целосно вакцинирани“, кажа Зинтс.

    Според новите правила, целосно вакцинираните патници нема да мора да одат во карантин, а исклучок ќе бидат децата, од кои нема да се бара да бидат имунизирани.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира