НОРВЕШКА, ТИ БЛАГОДАРАМ – ПРЕМИЕРКАТА СОЛБЕРГ НАЈАВИ КРАЈ НА КОВИД РЕСТРИКЦИИТЕ

    НОРВЕШКА, ТИ БЛАГОДАРАМ – ПРЕМИЕРКАТА СОЛБЕРГ НАЈАВИ КРАЈ НА КОВИД РЕСТРИКЦИИТЕОколу 76 отсто од населението во Норвешка има примено барем една доза вакацина, додека 67 отсто е целосно вакцинирано. (Фото: АФП)

    Владата на Норвешка објави дека од денеска завршуваат рестриктивните мерки за заштита од ковид-19, со кои беа ограничени дружењата и интеракциите и кои заглавија многу дејности.

    Норвешка е трета земја која ги отстрани домашните рестрикции, следејќи ги примерите на Данска и Британија.

    „Поминаа 561 ден откако ги воведовме строгите мерки во Норвешка. Време е да се вратиме на нормалното секојдневие“, рече премиерката Ерна Солберг.

    Со одлуката со која се дозволуваат собири, се овозможува културните и спортските настани да се одржуваат со полн капацитет, наместо со ограничен број седишта.

    Солберг досега ги имплемeнтираше првите три чекори од планот со четири чекори. Рестрикциите за собири и за економијата беа воведени лани во март, и како последен чекор, неколкупати беа одложувани поради загриженоста од ширењето на ковид-19.

    „Накратко да кажам, може да живееме нормално““, рече Солберг.

    Околу 76 отсто од населението во Норвешка има примено барем една доза вакацина, додека 67 отсто е целосно вакцинирано.

    „Иако животот за повеќето се враќа во нормала, пандемијата не е завршена. Луѓето сѐ уште се разболуваат и затоа е важно сите да се вакцинират“, рече премиерката.

    Се олеснуваат и рестрикциите за патувања, и Владата веќе нема да ги советува граѓаните да не патуваат надвор од Европа.

    „Норвешка, ти благодарам многу“, рече Солберг.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира