В НЕДЕЛА ЌЕ СЕ ТРЧА 17. СКОПСКИ МАРАТОН, ЌE УЧЕСТВУВААТ 7.000 НАТПРЕВАРУВАЧИ

    В НЕДЕЛА ЌЕ СЕ ТРЧА 17. СКОПСКИ МАРАТОН, ЌE УЧЕСТВУВААТ 7.000 НАТПРЕВАРУВАЧИЌе учествуваат околу 7.000 натпреварувачи од 40 земји од светот. - Од ланскиот Скопски маратон. (Фото: СДк.МК)

    В недела низ скопските улици ќе се трча 17. Скопски маратон. Маратонот ќе се одржи со почитување на сите пропишани мерки и протоколи за заштита од ковид-19. Според организаторите, пријавени се околу 7.000 натпреварувачи од 40 земји од светот, со особен фокус на домашните атлетичари.

    Стартот на полумаратонот, маратонот и штафетниот маратон ќе биде во 8 часот, додека стартот на трката на 5.000 метри е во 8:10 часот од платото пред Спортскиот центар „Борис Трајковски“.

    Натпреварувачите ќе трчаат од стартот, по улицата Бледски договор до булеварот Илинден, десно по булеварот до крстосницата со улицата Љубљанска и по неа право на Московска, па десно по улицата Војвода Васил Чакаларов, на крајот од улицата се врти полукружно назад, кога ќе се вратат кај Студентскиот дом „Гоце Делчев“ се продолжува право по булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, по улиците Димитрие Чуповски, 11 Октомври, Крушевска република, Трета македонска бригада, Фрањо Клуз, булеварот Јане Сандански до крајот (раскрсница со булевар Србија), пред семафорот со булевар Србија се врти полукружно назад (на истата коловозна лента) по булевар Јане Сандански, Фрањо Клуз, Трета  македонска бригада, Крушевска република, 11 Октомври, по Димитрие Чуповски до раскрсницата десно на булевар Свети Климент Охридски до булевар Илинден, лево кај Влада на Република Северна Македонија до целта, платото пред СЦ „Борис Трајковски“.

    „Гордост ми е што годинава, и покрај светската ковид пандемија продолжуваме да го одржуваме Скопскиот маратон, кој стана заштитен знак на нашиот град. Маратонот од година во година расте и стана најголем маратон на Балканот, за што сакам да им честитам на организаторите. Преку оваа традиција стара повеќе од деценија и половина Градот Скопје ги мотивира граѓаните да почнат да се занимаваат со спорт и рекреација. Во организацијата на маратонот годинава се вклучени стотици волонтери и професионалци што е гаранција дека, како и секогаш, маратонот ќе помине во најдобар ред“, рече на денешната прес-конференција градоначалникот Петре Шилегов.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира