УБИЕНИОТ ПОЛИЦАЕЦ ОД ВЕЛЕС ДВАПАТИ БИЛ ОСУДЕН УСЛОВНО, ПРЕГАЗИЛ ШЕСТМИНА ТИНЕЈЏЕРИ И ЈА ДАВЕЛ БАЛДАЗАТА

    УБИЕНИОТ ПОЛИЦАЕЦ ОД ВЕЛЕС ДВАПАТИ БИЛ ОСУДЕН УСЛОВНО, ПРЕГАЗИЛ ШЕСТМИНА ТИНЕЈЏЕРИ И ЈА ДАВЕЛ БАЛДАЗАТАУбиениот Ристовски бил осуден условно за кривичните дела Тешки дела против безбедноста на луѓето во сообраќајот и Изнуда. - Панорама на Велес (Фото: СДК.МК)

    Убиениот велешанец Александар Ристовски, иако вработен како полицаец во СВР Велес, не бил почитувач на законот. Ристовски, кој вчера беше избоден од партнерката со која живеел во вонбрачна заедница, во два наврати е осуден во Основен суд Велес условно, за две кривични дела.

    За сообраќајка случена на 28 февруари 2010 година бил осуден за Тешки дела против безбедноста на луѓето во сообраќајот, откако возел со двојно повисока брзина од дозволената во град и удрил во шестмина тинејџери кои се здобиле со тешки телесни повреди.

    Второто кривично дело – Изнуда го сторил на 13 септември 2016 година пред нотар во Велес, кога осомничената за убиството и нејзината сестра се договарале за оставинската постапка, а починатиот ѝ пришол на сестрата, ја фатил за врат и се заканил со зборовите „ќе ти го скршам вратот ако не ѝ ја препишеш куќата на сестра ти“.

    Убиениот бил полицаец од 2005 година.

    Обвинителството утринава соопшти дека според истрагата, убиството настанало по вербална и физичка расправија меѓу убиениот и неговата 23-годишна партнерка. 40-годишниот Ристовски ја фатил за врат П.И. со намера да ја дави, па таа со нож го прободела во левата страна на градниот кош и тој починал. На барање на Обвинителството, на П.И. ѝ одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

    Соседите вчера кажаа дека убиениот полицаец ја малтретирал девојката со која живееле заедно 4-5 години.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира