Судот во Хаг ги отфрли барања за укинување на ковид пропусницата во Холандија, потребна за влез во ресторани, барови, музеи, театри и други јавни места. Судот заклучи дека владата имала право да бара потврда за вакцинирање против ковид-19 или негативен тест за да се ограничи ширењето на коронавирусот, откако минатиот месец беа укинати речиси сите коронамерки.
„Владата јасно нагласи дека невакцинираните луѓе се изложени на поголем ризик од зараза и можат да заразат други“, соопшти судот.
Тој го отфрли тврдењето на противниците дека правилата се дискриминирачки кон оние кои не сакаат или не можат да се вакцинираат.
Владата ја воведе ковид пропусницата минатиот месец, и покрај силното противење во парламентот.