СЗО ЈА ОДОБРИ ПРВАТА ВАКЦИНА ПРОТИВ МАЛАРИЈА, ШТО ЌЕ СПАСИ ДЕСЕТИЦИ ИЛЈАДИ ДЕЦА ВО АФРИКА ГОДИШНО

    СЗО ЈА ОДОБРИ ПРВАТА ВАКЦИНА ПРОТИВ МАЛАРИЈА, ШТО ЌЕ СПАСИ ДЕСЕТИЦИ ИЛЈАДИ ДЕЦА ВО АФРИКА ГОДИШНООд маларија главно умираат бебиња и мали деца

    Децата низ Африка ќе почнат да се вакцинираат против маларија, што се смета за историски момент во борбата против оваа смртоносна болест. Маларијата со векови е една од најголемите опасности за човештвото и од неа главно умираат бебиња и мали деца.

    Вакцината наречена РТС,С беше докажана како делотворна пред шест години и се смета за едно од најголемите постигнувања во медицината.

    По успешните пробни програми за имунизација во Малави, Гана и Кенија, Светската здравстена организација ја одобри употребата на вакцината во Потсахарска Африка и во други региони каде што има големо пренесување на маларијата.

    „Ова е историски момент. Долгоочекуваната вакцина против маларија за деца е огромен успех на науката и ќе придонесе многу за здравјето на децата и за контрола на болеста“, изјави шефот на СЗО, Тедрос Адханом Гебрејесус.

    Маларија е паразит кој ги напаѓа и уништува крвните клетки со цел да се размножува и ја шират комарци. Повеќе од 260.000 деца починале од оваа болест во Африка во 2019 година. Потребни се години на редовно заразување за да се изгради имунитет, а дури и тогаш само се намалуваат шансите за сериозно разболување.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира