МЛАДИТЕ ВОЛОНТЕРИ НА ВЕЛЕШКИ ЦРВЕН КРСТ ПОСВЕТИЈА 3.000 ЧАСОВИ АНГАЖМАН ВО ИМУНИЗАЦИЈАТА ПРОТИВ КОВИД-19

    МЛАДИТЕ ВОЛОНТЕРИ НА ВЕЛЕШКИ ЦРВЕН КРСТ ПОСВЕТИЈА 3.000 ЧАСОВИ АНГАЖМАН ВО ИМУНИЗАЦИЈАТА ПРОТИВ КОВИД-19Основна логистичка поддршка дале 29 волонтери (Фото: СДК.МК)

    Во пандемијата на ковид-19, волонтерите на Црвениот крст од Велес имаат значајна улога во процесот на имунизација на населението. Тие беа и сè уште се присутни на три пункта, а беа ангажирани и во теренската имунизација во руралните средини.

    Младите велешани несебично помогнаа за што поголем опфат на имунизацијата. Основна логистичка поддршка дале 29 волонтери. Тие досега заеднички волонтирале 597 смени со вкупно 2.985 часови.

    „Ние волонтерите од Црвен крст ја имаме една од клучните задачи на пунктовите, а тоа е први да им излеземе во пресрет на граѓаните. Им помагаме при пополнување на прашалникот, ги прозиваме според термините, ги придружуваме до кабините за вакцинирање ако има потреба и се грижиме сè да биде во најдобар ред“, рече Александра Здравевска, заменик лидер на Клубот на млади волонтери од ОО на Црвен Крст Велес.

    Тие ги повикуваат останатите млади од градот да им се придружат и да станат дел од најхуманата организација на светот.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира